Организаторите ги предупредиле сите девојки кои се натпреваруваат за титулата мис Чешка дека би можеле да бидат дисквалификувани поради една невкусна пијанка на која наводно недолично се однесувале. Девојките, кои требале да бидат симбол за се што е убаво и невино, во ресторан го прославувале роденденот на една од финалистките, Анета Грабцова.


Останатите гости биле шокирани од нивното однесување. Девојките си играле со секс играчки, глумеле мастурбација, позирале со лисици и правеле други невкусни нешта. Славеничката рекла дека само го славеле роденденот и ништо друго. Организаторката Петра Вагнер рекла дека сеуште не одлучиле за казната, но додала дека тоа би можело да влијае врз понатамошниот тек на натпреварувањето.