Никола Саркози, претседателот на Франција, би требало да се чува од неговата ривалка која потенцијалните гласачи за претстојните избори ги собирала на улица облечена само по гаќи. Синди Ли била претседателски кандидат и член на француската „Партија за задоволство“.

Низ Париз прошетала само по гаќи и така се обидела да придобие што повеќе гласачи во пресрет на претседателските избори во Франција кои ќе се одржат оваа година. Таа е поранешна стриптизета и решила да внесе малку боја, во според неа, здодевната француска политика. Ниту дождот не и попречил да прошета полугола и да побара поддршка од граѓаните.