Уредување на коритото на р. Сушица, промена на азбестните водоводни цевки, асфалтирање улици и изградба на детски игралишта во Радојца Новичиќ-Црногорци, најави кандидатката за советник од ВМРО- ДПМНЕ и коалицијата „Обнова на Македонија“ , Александра Настоска-Николоска

Проекти за кои гарантираме реализација во населба Радојца Новичиќ: Партерно уредување на коритото на река Сушица, Идејно и целосно уредување на просторот кај Касарната, промена на азбестни водоводни цевки со нови на улиците „6 Бригада“ и „130“, Асфалтирање на краци на улиците „Радојца Новичиќ“, „28 Април“, „130“ и „Петрино“. Изградба и доизградба на тротоарите на „Радојца Новичиќ“, поставување забавувачи на улиците, поставување автобуски постојки и информативни табли со возен ред, изградба и реконструкција на детски современи игралишта, уредување на фудбалското игралиште во Kасарната и инвестиции во спортот, вели Настоска-Николоска

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија и изградба на спортска сала, реконструкција на подрачното училиште и бројни проекти за подобра иднина на жителите на Лескоец и Косел.

За потребите  на жителите на Лескоец и Косел, за спортските клубови и за здравиот развој на младите гарантираме изградба на спортска сала во рамките на ОУ „Ванчо Николески” и реконструкција на подрачното училиште во Косел. Изградбата на атмосферска канализација е од витално значење, бидејќи овозможува собирање и одведување на атмосферските води, заштита на јавното здравје (епидемии од загадена вода), но и за нормалниот пешачки, автомобилски и секаков друг вид урбан сообраќај, истакна денес Благородна Чулческа, кандидат за советник.

Чулческа истакна дека се обврзуваат во Лескоец да изградат атмосферска канализација и канализациона мрежа, а асфалтирањето и одржувањето на главни и споредни улици ќе биде континуирана задача.

 

OhridNews