Кандидатите за советници од советничката листа „Единствена Македонија“ ги истакнаа заложбите кои ќе бидат во фокусот на нивното работење доколку добијат мандат во Советот на Општина Охрид.

Охрид како туристички град е надалеку познат по препознатливите занаети, но во денешно време останати се неколку најупорни занаетчии, а како главен фактор за тоа е непрофитабилноста ама и тоа што само мал дел од нив пронашле свој наследник кој би имал желба да ја продолжи традицијата, велат од советничката листа „Единствена Македонија“.

Во насока на подобрување на состојбата во оваа сфера, сметам дека треба да се тргне бариерата на монопол кој одредени личности ја наметнаа случајно или ненамерно. Да го подигнеме нашиот глас во Владата на Република Македонија, ни треба финансиска инфузија за да се опоравиме, а не да плаќаме непотребни давачки рамо до рамо со големи профитери. Ние знаеме како да ги мотивираме младите за да си го ценат својот талент и да бидат онаму каде што припаѓаат, во големото европско семејство. Традиционалните и уникатните занаети како и модерните занаети без кои не може да се замисли денешново живеење, го прават Охрид најпрепознатлива и посетувана туристичка дестинација вели кандидатката за советник,  Николоска Силвана. 

Кандидатката за советник Мирјана Ангелоска како граѓанин на град Охрид и член на стоматолошката фела од Охрид ќе се залага за промовирање и развивање на денталниот туризам.

Ќе се залагам за подобрување на статусот на целокупниот стоматолошки и медицински персонал како член на Стоматолошката комора на Македонија. Ќе се залагам за повисок статус затоа што ние сме на маргините на работ на егзистенција, нашиот бод, нашата капитација не беше крената и немаме никаков слух од Фондот за здравство за нашите проблеми. Ретки се стоматолошките ординации кои се јаки и опстојуваат, поголемиот дел од нас се бориме со крајни напори, истакна Ангелоска. 

Таа додаде дека како иден советник ќе се залага за подобро утре на стоматолошката фела.

К.А.