Пораки и проекти за градот Охрид од носителот и кандидатите на советничката листа на ВМРО ДПМНЕ Охрид за претстојните локални избори. Тие гарантираат промени, проекти и победи.
Поддршка за книжевното, ликовното, музичкото и драмското творештво, поддршка за цела култура. Поттикнување на здравствениот туризам како дел од туристичката понуда на Охрид. Поддршка, поттикнување и унапредување на спортот. Квалитетно и модерно образование – темел за иднината на Охрид.
Зачувување на македонскиот јазик и промоција на културно-историското наследство. Квалитетни мерки за инвестиции и напреден технолошки развој, најавија кандидатите за членови на советот на Општина Охрид од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.
За буџет креиран од страна на граѓаните согласно нивните конкретни потреби. Борба за секое ново работно место и економски раст и развој на општеството. Лицата со посебни потреби еднакви на пазарот на трудот. Поттикнување на културата на припадниците на заедниците и негување на верските обичаи.
Активни и мотивирани млади кои учествуваат во донесување одлуки, додаваат кандидатите за советниц на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата во Охрид.
OhridNews