Кандидатите за претседател на државата, по гласањето во своите избирачки места ги дадоа првите изјави околу очекувањата од денешните избори.


Претседателскиот кандидат на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, изрази очекување дека денешното гласање ќе отвори нови перспективи за Македонија.

Очекуваме со завршување на денешниот ден да се почнат сите приоритети за доброто на државата, пред се решавање на проблемот со името кое ни е услов за евроинтеграциите и влезот во НАТО, изјави Иванов.

Според него, по завршувањето на изборите граѓаните ќе живеат подостоинствен живот и ќе се стави крај на транзициската политика и транзициските политичари кои, како што рече, навистина донесоа многу лоши работи за државата.

Тие надежи ги имаме бидејќи гледаме како луѓето на терен размислуваат и се соочуваат со транзициските трауми во државата, додаде Иванов.


Кандидатот за претседател на СДСМ Љубомир Данаилов Фрчкоски изрази очекување дека ќе биде постигнат потребниот цензус на излезност на гласачите и оти изборите ќе бидат успешни.

Очекувам мирни и слободни избори, иако мала сенка врз добивањето цензус фрли пакет договорот меѓу владините партнери кој албанските гласачи го разбраа повеќе како повик за бојкот, отколку како повик за договор, изјави Фрчкоски по остварувањето на своето гласачко право.

Ohridnews