– Ваквата необична кампања која во исто време ја водеа двајца противкандидати нависитна заслужува честитки за колегијалност и толерантност и можеби ваквиот “Дуел во живо” ќе придонесе за појасна слика на кој од нив да му се даде гласот и довербата да го води СОНК во следните четири години, велат од регионалниот одбор на СОНК.
На средбата се разговарало околу одредбите од Колективните договори, трансформацијата на работниот однос, исплатата на реалните патни трошоци, заштитата од мобинг и дискриминација , а посебен интерес предизвикал членот 51 од Колективниот договор во кој станува збор за заштитата на синдикалните претставници заради синдикалните активности.
Двајцата кандидати најавиле почитување на резултатите од гласањето на Конгресот кој ќе се одржи наскоро, истакнувајќи притоа дека ништо, па ни гласањето, не смее да го разедини синдикалното ткиво кое мора да биде цврсто во своите ставови и во борбата за подобар статус на вработените во образованието и на другите членови на СОНК.
Петтиот Конгрес на СОНК, ќе се одржи во Скопје на 17 октомври во салата “Борис Трајковски”. На Конгресот покрај вообичаените активности, ќе треба да се избере и нов претседател кој треба да го замени досегашниот лидер Дојчин Цветаноски.
На Конгресот ќе присуствувваат 900 делегати и други гости. Од охридскиот регион статус на делегат имаат 29 синдикалци кои со своите гласови директно ќе одлучуваат во изборот на новиот лидер на СОНК.