Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, вчера, во текот на попладневните часови, ги посетија и остварија средби со граѓаните од месните организации Горна Влашка Мала и Христо Узунов. Во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните беа презентирани основните одредби на изброната програма на Коалицијата за Европа „Сонце“ за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија. Кандидатите за пратеници од Коалицијата „Сонце“ од 5-тата изборна единица дискутираа со граѓаните за сите отворени прашања и проблеми што беа изнесени од нивна страна, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во државата и во нашето непосредно опкружување.

Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, денес, во поладневните часови, ќе ги посетат и ќе остварат повеќе средби со граѓаните од месните организации Горно и Долно Лакочереј и Орман.

ОО СДСМ – Охрид