Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, вчера, во текот на попладневните часови, ги посетија и остварија средби со граѓаните од месните организации 15-ти Корпус, Илинден и Радојца Новичиќ. Во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните беа презентирани основните одредби на изброната програма на Коалицијата за Европа „Сонце“ за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија. Кандидатите за пратеници од Коалицијата „Сонце“ од 5-тата изборна единица дискутираа со граѓаните за сите отворени прашања и проблеми што беа изнесени од нивна страна, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во државата и во нашето непосредно опкружување.

Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, предеводени од носителот на листата Јани Макрадули, денес ке ги реализираат следните активности :

– положување на свежо цвеќе пред споменикот на Св. Кирил и Методиј;
– посета на манастирскиот комплекс Св. Наум;
– посета и средби со граѓаните од Трпејца, Пештани, Рача, Косел, Лескоец, МО Христо Узунов и МО Горна Влашка Маала;
– Учество на трибината на Клубот на жени посветена на образованието;
– Учество на Регионалниот митинг во ЦК “Григор Прличев”;

Општински изборен штаб на ОО на СДСМ во Охрид
Сектор за комуникација со јавноста