Евроамбасадорот Ерван Фуере во рамки на денешната работна посета на Охрид, попладнево ќе оствари средба со шесте кандидати за градоначалници на Охрид.

Фуере истакна дека целта на средбата е да се разговара за начините на кој може да се обезбеди предизборна атмосфера без конфронтации.

Тој додаде дека во последниот времен извештај на ОДИХР, кој е позитивен во многу аспекти, но истовремено се изразува и загриженост поради наводите за примери на заплашувања и притисоци, појави што мора да бидат отстранети по секоја цена, за да не се дозволи создавање на атмосфера на конфронтации.  

Ohridnews