Кандидатите за градоначалник на општина Вевчани, Сашо Јанкоски од СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“ и Спасе Кочоски од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, денес го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, според кој ќе ги почитуваат принципите на демократијата и доброто владеење.

Со потпишување на Кодексот за фер и демократски локални избори 2021 година сите учесници во изборниот процес превземаме обврска дека ќе се придржуваме до кодексот за фер и демократски избори. Ние вевчанци милуваме да се пофалиме дека Вевчани е лулка на демократијата, се надевам дека заеднички ќе допринесеме такво да остане и после овие локални избори, вели Јанкоски.

Спроведувањето на слободни и праведни локални избори според меѓународните стандари инационалното законодавство и без никакви измами се темелните вредности на едно развиено и демократско општество. Токму затоа со кандидатот за градоначалник од СДСМ, Сашо Јанкоски, како учесници во изборниот процес се согласивме и потпишавме Кодекс за фер и демократски избори, вели Кочоски.

Со Кодексот се обврзуваме дека ќе ги почитуваме сите закони, правила и прописи кои се релеватни за изборите и ќе го почитуваме владеењето на правото при организирање и спроведување на изборитНема да вршиме никаков притисок или обид за притисок врз вработените во државната и јавната администрација, во други институции и установи финансирани од буџетот на државата, буџетите на општините, како и во трговски друштва и претпријатија со државен капитал. Нема да користиме говор на омраза и нема да вршиме дискриминација врз основа на пол. Ниедно вработено лице или граѓанин нема да биде предмет на било каква закана по однос на своето вработување и социјална сигурност како резултат на нивното поддржување или неподдржување на било која политичка партија или кандидат. Да ја почитуваме волјата на граѓаните и да ја направиме Општина Вевчани за сите луѓе, додава Кочоски.

Н.С.Ј.