Кандидатите за градоначалници на Општина Охрид потпишаа Кодекс за фер и демократски избори. Од Општинската изборна комисија на денешното потпишување порачаа дека посакуваат успешна кампања и мирни и фер избори.
Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Обнова за Македонија, Кирил Пецаков порача дека очекува позитивна кампања
Тоа што ќе се случува во наредниот 21 ден се надевам дека ќе се позитивни проекти, позитивна кампања и нешто што ќе го подобри животот на охриѓани во секаква смисла на зборот истакна Пецаков
Кандидатот од СДСМ и Коалицијата Најдоброто за мојата општина Константин Георгиески порача до граѓаните да излезат на гласање за на овие избори да се одбере најдоброто од Охрид .
Чест и задоволство е што уште еднаш го потпишуваме Кодексот за фер и демократски избори, се надевам дека кампањата ќе помине во најдобар ред, повикувам граѓаните да излезат и да го искористат своето граѓанско право, рече Георгиески
Кандидатот од ТМРО, Гоце Цветкоски по потпишувањето на Кодексот за фер и демократски избори ги повика граѓаните да гласаат за трета политичка опција.
Кампањата за локалните избори 2021 година започнува од утре и ќе заврши на 15 октомври.
К.А.
Фото:А. Момироска.