На иницијатива на Општинската ззборна комиисија – ОИК, во зградата на Општина Охрид, на пладне во недела, 31 март, кандидатите за градоначалник на Охрид, ќе потпишат Кодекс за фер и демократски избори.

Во Охрид во трка за градоначалничката функција влегуваат: актуелниот в.д. градоначалник д-р Константин Георгиески (кандидат на СДСМ), д-р Митре Милошески (кандидат на ВМРО ДПМНЕ), Михаил Трендафилов Нанче (кандидат на за ГДУ), Стевче Стевоски (кандидат на Демократи) и Џемаил Мена (кандидат на БЕСА).

На 21 април во Охрид ќе се одржат предвремени локални избори за градоначалник, кои беа иницирани по ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски.

OhridNews