Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ од Охрид, на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, во текот на вчерашниот ден ги посетија и остварија повеќе средби со граѓаните од Охрид, во неколку месни организации – Кошишта, Лескајца, Воска, Даљан, Младост и Месокастро. Во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните беа презентирани основните одредби на изборната програма на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија. Кандидатите за пратеници од Коалицијата „СОНЦЕ“ дискутираа со граѓаните за сите отворени прашања и проблеми што беа изнесени од нивна страна, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во државата и во нашето непосредно опкружување.
Врз основа на агендата за предизборни активности на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“, кандидатите за пратеници од 5-тата изборна единица вечерва ќе земат учество на централниот митинг на Коалицијата „СОНЦЕ“, што ќе се одржи на плоштадот „Македонија“ во Скопје, со почеток во 20:30 часот.
Општински изборен штаб на ОО на СДСМ во Охрид
Сектор за комуникација со јавноста
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com