Вчерашните активности завршија со одржување на централниот митиниг на Коалицијата за Европа „Сонце“ во Битола, што се одржа синоќа, на градскиот плоштад „Гоце Делчев“, во присуство на неколку илјади граѓани од Битола и околината. На митингот беа претставени кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „Сонце“ од 5-тата изборна единица. На присутните граѓани им се обратија г-динот Менде Динески, г-ѓата Весна Бендевска, г-динот Тито Петкоски, претседателот на НА, г-динот Стојан Андов, претседател на ЛП, г-динот Јован Манасиевски, претсдател на ЛДП, г-динот Јани Макрадули, носител на листата за 5-тата изборна единица и г-ѓата Радмила Шеќеринска, претседател на СДСМ.
Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници на листата на Коалицијата за Европа „СОНЦЕ“ од 5-тата изборна единица, денес, во поладневните часови, ќе ги посетат и ќе остварат повеќе средби со граѓаните од месните организации Подмоље и Кошишта.
Општиснки изборен штаб на ОО на СДСМ во Охрид
Сектор за комуникација со јавноста