Во рамките на своите редовни планирани предизборни активности, кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ од Охрид на листата на Коалицијата за Европа “СОНЦЕ” од 5-тата Изборна единица, вчера, на 15.05.2008 година, ги посетија и остварија средби со граѓаните од месната организација Стар град. На средбите, во директен, отворен и непосреден разговор со граѓаните, беа презентирани основните одредби на Изборната програма на Коалицијата за Европа “Сонце”, за претстојните вонредни парламентарни избори во Република Македонија. Тројцата кандидати за пратеници, на чело со Претседателот на ОО на СДСМ од Охрид, г-динот Томе Чинговски, дискутираа со граѓаните за сите отворени прашања и проблеми што беа изнесени од нивна страна, како и за актуелните случувања на политичката, економската и општествената сцена во државата и во нашето непосредно опкружување.

Според редовните планирани активности, кандидатите за пратеници од редовите на СДСМ од Охрид на листата на Коалицијата за Европа “СОНЦЕ” од 5-тата Изборна единица, денес, во поладневните часови, ќе ги посетат и ќе остварат средби со граѓаните од месната организација Центар. Потоа, во 20:00 часот, во фоајето на големата сала на општинската зграда, кандидатите ќе земат активно учество на Изложбата на ракотворби, што ќе се одржи во организација на Локалниот клуб на жени од ОО на СДСМ од Охрид и која е од хуманитарен карактер.

СДСМ-Охрид
повеќе за изборните активности во Охрид:
„Избори 2008“