СВР Охрид ги известува учесниците во сообраќајот на подрачјето на Охрид дека, денеска од 11 часот, повеќе кандидати за полициски службеници, распоредени во полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, ќе имаат теренско полагање.

Притоа, кандидатите за полициски службеници, на неколку сообраќајници во Охрид, под контрола на нивните ментори, ќе преземаат службени дејствија за контрола во патниот сообраќај по повеќе основи, согласно Законот за безбедност во патниот сообраќај, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

OhridNews