Поголемиот дел од канделабрите од уличното осветлување, кои се поставени по должина на пешачката патека од населбата „Кошишта“ до „Горна Порта” во Охрид, повторно останаа без заштитни капаци и со незаштитена електричната инсталација.
Граѓаните кои секојдневно мунуваат по оваа патека велат дека стравуваат за безбедноста на своите деца.
-За ваква слична состојба алармиравме пред десетина месеци, а откако за тоа се објави во медиумите надлежните поставија заштитни капаци од пластика, но непознати вандали повторно ги отстраниле и ги оштетиле капаците, велат жителите. Тие се надеваат дека надлежните служби во најскоро време ќе го решат овој проблем.
Освен канделабрите, непознати вандали ја оштетиле и металната ограда во долниот дел од патеката.
OhridNews