Дел од канделабрите од уличното осветлување, кои се поставени по должина на неколку охридски улици немаат заштитни капаци на електричната инсталација. Вакви оштетувања може да се забележат на улиците „7-ми Ноември“, „Питу Гули“, „Мите Богоевски“, но и на други локации во градот.
Граѓаните на Охрид коментираат дека освен што ја нарушуваат безбедноста, оштетувањата претставуваат и лоша слика за уреденоста на Охрид.
-Оваа состојба беше актуелна и во минатото, кога капаците на канделабрите беа метални, па најчесто се крадеа и се препродаваа како старо железо, но сега надлежните поставуваат пластични капаци, кои непознати вандали повторно ги отстрануваат и ги оштетуваат, велат охриѓани.
Тие се надеваат дека надлежните служби во најскоро време ќе изнајадат начин го решат овој проблем.
OhridNews