Охриѓани масовно се вклучија во акцијата за пошумување „ Ден на дрвото, засади ја иднината “. Најмасовни беа учениците од училиштата во Охрид, кои организирано пошумуваа на локациите Горица и Мауцкер.

На локалитетот „Сулејман“  кај Мауцкер неколку дрвца засади и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. – Особено ми е драго што сум тука во Охрид  да дадам придонес на шестата по ред акција за пошумување на нашата држава. Сметам дека ова е одлична можност, сите заеднички како граѓани на Македонија, да придонесеме за поздрава иднина, истакна Канческа. 


 
Во акцијата за пошумување се вклучија и повеќе охридски институции, јавни претпријатија и здруженија на граѓани. Вработените во охридската администрација и во  Ј.П.„Охридски Комуналец” , садеа „аризонски чемпрес” на дел од магистралниот пат Охрид-Св.Наум, на потегот од Хидробиолошки завод до населбата Рача.


Под мотото „Засади дрво биди шампион“ ,во акцијата за пошумување се вклучија и вработените во  Ј.П. „Билјанини извори“  –  Охрид, поддржани од спортските клубови и спортистите од Охрид. Тие садеа дрвца на потегот од СРЦ „Билјанини извори“.

Пред спортската сала  ,,Билјанини извори, дрвца садеа штитеници на дневниот центар „Порака“ , ученици од посебните паралелки од ОУ „Св. Климент Охридски“, на Здружението на  слепи лица, Здружението на глуви и наглуви,  штитеници од Дневниот престој за лица со посебни потреби што функционира во просториите на црквата Св. Ѓорѓија, како и членови на Здружението на телесно инвалидизирани лица. Во пошумувањето нив ги придружуваа волонтери од Општинската организација на Црвениот крст.

OhridNews