Фабио Канаваро не е повеќе селектор на репрезентацијата на Кина. Италијанецот кој ја предводеше Кина само на два мечеви ја жртвуваше селекторската позиција за останување во клубот Гвангжу, каде работи како тренер.

  • Со должна почит кон Кина, сакам да објавам дека се повлекувам од селекторската позиција во репрезентацијата. Позицијата селектор и позицијата во мојот клуб ме оставија без време за мојата фамилија. Тоа не е дозволиво и одлучив да се повлечам. – изјави Канаваро.

Легендарниот фудбалер на позицијата селектор го замени Марчело Липи, кој повторно е кандидат за преземање на палката во кинеската репрезентација.

OhridNews