Натпреварот беше многу интересен, но и тежок, оцени селекторот на младата фудбалска репрезентација на Македонија Драгan Канатларовски, по ремито без голови со Србија попладнево во Охрид.
И двете страни имаа свои прилики, свои шански за гол. Во одреден момент, посебно во првиот дел, Србите беа поконкретни што се однесува до завршницата, меѓутоа, ние со нашата желба и борбеност на крај имавме неколку стопостотни прилики за гол. Штета што не успеавме да постигнеме гол. Сепак резултатот е реален. – изјави по натпреварот селекторот Канатларовски.
Доколку го примевме тој гол од пенал сигурно се ќе беше поинаку. Вака добивме дополнителен мотив и желба. Се надевам дека оваа генерација ќе биде уште подобра. Првата средба од квалификациите ја игравме против силната Франција, денес игравме исто со еден од фаворитите во групата, Србија, но сметам дека ние ќе бидеме од натпревар во натпревар се подобри. – додаде Канатларовски.
Г.М.
Обновено: Реми на „Билјанини Извори“ на младите селекции на Македонија и Србија