Поранешниот македонски селектор Драган Канатларовски поднесе оставка на тренерската функција во бугарскиот прволигаш Локомотив Пловдив.

Причина за повлекувањето на популарниот Цапар се лошите резултати на стартот на новата сезона. Канатларовски во шестте кола од бугарскиот шампиона освои само шест бода.

Како што објавија бугарските медиумите оставката и ја соопштил на претседателката Гала Топалова.

ohridnews