Предводникот на нашата репрезентација, Драги Канатларовски пред денешниот меч на младинската македонска репрезентација со српската репрезентација вели дека е извлечена голема поука од натпреварот со Франција кој го загубивме со 3:0 во Ле Ман.

Максимално сме фокусирани на дуелот со Србија. Момците се подготвени, работевме напорно овие неколку денови во Охрид, со цел подобро да одиграме на овој меч со Србија. Извлековме голема поука од натпреварот со Франција. Нема да ги повториме истите грешки. Фудбалерите се свесни дека одигравме лош натпревар и оттаму желбата за докажување на денешниот меч е голема, вели Канатларовски. 

Дуелот со Србија ќе биде многу поразличен од нашиот прв со Франција во овие квалификации. Атмосферата е одлична и се надевам дека ќе ја израдуваме фудбалската јавност, изјави Канатларовски за веб-страницата на ФФМ

Во Х-групата, покрај дуелот во Охрид, денес на распоредот е и натпреварот меѓу Украина и Ерменија.

 

OhridNews