Името на екс селекторот на А репрезентација, Драган Канатлароски се повеќе се споменува за следен тренер на Црвена Ѕвезда. Канатлароски е поранешен фудбалер на „делиите“ затоа брзо се разгореа страстите меѓу „ѕвездашите“ за неговото седнување на клупата.
– Точно, вистина има интерес за мене, но во овој момент не фер да се зборува за тоа. Не е колегијално бидејќи Црвена Ѕвезда има тренер, а јас имам клуб каде што бележам добри резултати – рече Канатлароски за „Мондо“ и додаде – Јас сум ѕвездаш, играв таму, тој е мој клуб, јас не кријам дека сакам еден ден да седнам на клупата, но сега не сакам да зборувам веќе за тоа.
По неготовот доаѓање во Спартак екипата се препороди и почна да бележи солидни резултати. На последниот натпревар од есенската полусезона навивачите на Спартак упатиле порака „Драги остани“ која не го оставила рамнодушен македонскиот стратег.
– Затоа можам да им се заблогадарам на играчите. Ние функционираме како една фамилија и секој знае што треба да прави. Затоа сега сите заедно уживаме во убавите моменти, а насмевките на лицата од навивачите ни се најголемата добивка – рече популарниот „Цапар“.
Канатлароски на македонската фудбалска селекцијата селекторот беше во два наврати, прв пат од 1999 до 2001, а вториот пат од 2003 до 2005 година.
Мх.П.