Сончевото време привлече голем број рибари во каналот Студенчишта. Љубителите на риболовот опремени со трски и друг алат од утрото го запоседнаа каналот. Побрзите фатија подобра позиција на кајчињата закотвени во каналот, а задоволни беа и рибарите на брегот. Најбитно е да гризе рибата, велат рибарите кои се надеваат дека убавото време ќе потрае подолго.


Каналот врие од рибари

OhridNews