Топлото време и маратонската трка вчера го раздвижија Охрид. Колони возила од утрото го полнеа градот. Ѓужва беше на жешкиот асфалт, но и во езерото. Каналот беше речиси празен. Голем број пловни објекти беа вклучени во и околу маратонот, а трката од воздух ја следеше и хеликоптер на безбедносните сили кој го затекнавме во центарот за обука на вода. Маратонот беше и помина, а се надеваме дека поголемиот број туристи ќе останат во Охрид и по завршувањето на викендот.


Маратонот се следеше и од вода и од небо

Ohridnews