Каналот да се прошири и осветли и да се постави знак за ограничување на брзината на пловните објекти, со што ќе се зголеми безбедноста на Охридското Езеро. Ове е еден од повеќето предлози изнесени на денешниот состанок на претставниците на СВР Охрид, клубовите за спортови на вода, Капетанијата, советодавните групи на граѓани и концесиониерите на плажи, што се одржа во просториите на Црвениот крст.


Каналот да се прошири и осветли бара Едриличарската федерација

Претставниците на Едриличарската федерација го истакнаа проблемот со глисерите кои со голема брзина впловиваат и испловуваат од каналот со што ја загрозуваат безбедноста на останатите учесници во водниот сообраќај. Покрај ова дел од пловните објекти создаваат голема бучава и го нарушуваат јавниот ред и мир. Од Охридската капетанија посочија дека проблематични се 7 пловни објекти, односно 4 глисери и три брода кои произведуваат поголема бучавост од дозволеното. На состанокот беше изнесен предлог и за дислокација на воениот комплекс и езерската полиција од каналот.


Концесионерите на плажи се пожалија на скутерите, кои како што кажаа претставуваат најголема опасност по безбедноста на капачите. Тие побараа конкретни мерки и санкции за таквите прекршители на  кои според концесионерите не треба да им се дозволи пловидба на Охридското Езеро.

Ohridnews