Веќе подолго време канализациониот систем во делот на населба “Радојца Новичиќ” е преоптоварен од неконтролиран дотек на вода од непознато потекло, соопштуваат од МЈП “Проаква”.Тие апелираат до жителите од оваа населба за помош, при наоѓање на дивите приклучоци или непознати дефекти во канализацијата.

Ќе дадеме рок од една недела за пријавување на дефекти, за кои ќе обезбедиме бесплатен сервис. По изминување на овој рок ќе пристапиме кон детална анализа на канализациониот ситем  во целата населба, а откриените нерегуларни приклучоци ќе бидат третирани согласно законските одредби.-информираат од “Проаква”

Од таму се надеваат на соработка со жителите и ги повикуваат, сите забележани промени во канализационата мрежа да ги пријават на телефонот 046/230-020.

Населбата “Радојца Новичиќ ” е една од поголемите населби во Охрид. Во неа живеат над 2000 жители во повеќе од 400 домаќинства.

E.E.