Британскиот главен град е на првото место во Европа по нивото на кокаин во отпадните води, открива истражување кое Европскиот центар за надзор на дроги и зависности од дроги го спроведе во 50 градови. Како што пренесуваат медиумите, студијата покажал дека Лондон од првото место на оваа неславна листа го потисна Амстердам, кој сеуште е лидер по количината на канабис во канализацијата. Врз основ на резултатите, кои во предвид ги земаат големината на градовите и брокот на жители, востановено е дека во 2014 година во Лондон, во просек, биле фрлани по 737 милиграми кокаин на илјада лица во период од само една седмица.
Најголеми количини на кокаин се забележани во петок и сабота, додека во останатите денови нивото на оваа дрога значително опаѓало. Научниците ширум светот се повеќе ги надгледуваат отпадните води во градовите како би следеле и би добиле што попрецизна слика за конзумирањето дрога. Тестирани се пет различни дроги. Се воспоставило дека Амстердам е на првото место по количината канабис и екстази во канализацијата, додека Осло и Дрезден се лидери по количината метамфетамини.