Повикувајќи се на извори во истрагата, оваа телевизија наведува дека неколку секунди пред да падне авионот со кој управуваше Славчо Ѓорѓиев бил во состојба „стоу-флај“, односно немал соодветна брзина за целосна контрола на авионот. Планините од двете страни на кањонот не му дозволиле на пилотот да скршне и да ја поврати изгубената брзина. Пречка била и тежината на леталото, кое со четворицата во него била на граница на дозволената. Авионот постојано се борел да излезе од кањонот, но постојано губел моќ. На неколку метри пред да излезе од кањонот пилотот комплетно ја изгубил контролата во управувањето и „цесната“ почнала да паѓа. Телевизијата тврди дека мотив за нискиот лет биле летоците што ги фрлале пријателите на Ѓорѓиев, пренесе „Дневник“.
извор: „Дневник“