Канаѓанин кој од својата љубовница во сексуалната игра побарал да му вреже симбол срце на градите, за малку ќе умрел кога случајно пресилно го притиснала и му го прободила срцето.

Весникот Винипег Фри Прес известил дека 25-годишната жена е осудена на условна казна од три години затвор, откако ја признала вината за напад во 2007 год.


На 24-годишниот маж во почетокот му се давале мали изгледи за преживување, но во потполност се опоравил и ја поддржува својата љубовница. Двајцата испиле голема количина алкохол, се впуштиле во груб сексуален однос, и во неговиот тек се случила несреќата, известуваат канадските весници.