Канаѓанката Џиновив Сабурин била обвинета за прогонување на актерот Алек Болдвин откако се појавила пред неговиот стан во Њујорк. Сабурин, која била уапсена во неделата, пред појавувањето пред станот на Болдвин, на актерот му испратила низ пораки и мејлови, во кои му пишувала дека може да стане нејзин сопруг.


Таа била обвинета за пет прекршоци, вклучувајќи вознемирување и прогонување. Судијата при криминалниот суд во Њујорк исто така и наредил да се држи понастрана од Алек Болдвин и да нема никаков контакт со него, било директен или индиректен.