Канаѓанин тужи болница за 155 илјади канадски долари бидејќи тврди дека со операција која тргнала на лошо му го скратиле пенисот за 2,5 сантиметри и така му го упропастиле бракот. Неименуваниот човек тврди дека болницата Ле Гардеур погрешно му ја дијагностицирала повредата. Рекол дека тоа оставило поголем печат на неговиот живот отколку да ја изгубел ногата.

Во тужбата се наведува дека се повредил во 2011 година додека водел љубов со својата сопруга. Веднаш отишол во болница каде како што тврди, медицинска сестра му го прегледала пенисот без да го допре и бил пуштен дома. Следните неколку седмици воопшто не можел да се впушта во сексуални односи, а по три месеци и уште еден преглед му кажале дека го скршил половиот орган, поради што морал на операција. Зафатот му оставил трајна лузна, но и му го скратил пенисот за 2,5 сантиметри. Исто така тврди дека не можел да води љубов две години и дека сопругата го напуштила.