На почетокот на следната есен, студентите од универзитетот Квантлен можат да се регистрираат на курсеви посветени на економијата за продажба и одгледување марихуана. Курсевите кои траат 14 седмици ќе бидат одржувани преку интернет, а ќе се состојат од два главни дела, еден фокусиран на одгледување на производот, а другиот на транспорт и продажба. На студентите ќе им биде објаснето како до произведат висококвалитетна марихуана користејќи повеќе техники за одгледување. Едукацијата ќе опфати и биолошка сваќање на билката, нејзиниот животен циклус како и времето на жетва и начинот на прихранување.
Покрај тоа, часовите ќе бидат посветени и на законодавството и регулацијата, како и реалните можности за отварање на лиценцирана команија за марихуана. Легализацијата на марихуаната во Канада моментално е ограничена на користење во исклучиво лековити цели. Во државата постојат 25 компании за одгледување, од кои 13 се отворени во Онтарио.