Со помош на авионот „канадер“ на хрватското воено воздухопловство, денеска околу 13 часот комплетно е изгаснат пожарот што четири дена беснееше во реонот на Ќафасан, соопшти кризниот штаб за справување со огнената стихија во Стушко.


канадерот го изгаси пожарот на Ќафасан

Најкритично било во текот на ноќта кога огнот кој зафати над 100 хектари нискостеблеста и борова шума, се доблжил  на помалку од еден километар од селото Радожда.

Вчера попладне комплетно е локализиран и пожарот што ненадејно избувна во струшкото поле, во кој целосно изгоре едно возило џип и барака во близина на бензинската пумпа на излезот од Струга

Сеуште горат над 50 хектари шума во атарот на селото Бороец но според градоначалникот на Струга Рамиз Мерко нема опасност по населените места.

Г. Момироски