Министерот за емиграција Џејсон Кини рече дека повеќето од тие луѓе поднесувале лажни докази за резидентниот статус добивајќи упатства од нечесните емиграциони советници, пренесе Асошиејтед прес.
За да добие државјанство на Канада, лицето мора да живее во земјата најмалку три години.
Досега само 66 лица изгубиле канадско државјанство бидејќи постапката за одземање е напорна и долготрајна бидејќи може да се одолговлекува со поднесување на жалби.
Во Канада живеат 34 милиони луѓе, а минатата година во земјата пристигнаа над 280.000 емигранти.
извор: Makfaks