Репрезентацијата на Канада го освои третото место на Светското првенство во кошарка што се игра во Филипини, Индонезија и Јапонија. Претпладнево по европско време, во Манила, Филипини, Канада по продолжение ја совлада селекцијата на САД 118:127. Во регуларниот дел мечот заврши 111:111 по чудесната тројка на Брукс кој на нестварен начин ги врати американците од загубена ситуација.
Имено, на 4,2 секунди до крајот, при резултат 111:107 за Канада, беше досуден фаул за САД. Брукс го реализира првото слободно фрлање, по што намерно го промаши второто, успеа да стигне до топката и од тешка позиција постигна тројка за израмнување. Но тоа беше се што успеаја да сторат фаворизираните американци кои на првенството настапуваат без главните ѕвезди од НБА лигата.
Во борбата за првото место од 14:40 часот се среќаваат Србија и Германија.
Г.М.