Камерон Диаз при гостувањето во шоуто на Џорџ Лопез открила дека во средно училиште пушела марихуана која ја купувала од раперот Снуп Дог. Рекла дека оделе заедно во училиште и дека бил една година постар од неа. Бил многу висок, слаб и имал многу специфична фризура.


Камерон исто така признала дека на училиште многу често се тепала. Повеќе се тепала со момчиња отколку со девојки. Додала дека во една прилика една девојка без посебна причина ја истргала за косата, поради што Камерон ја нокаутирала со нога.