Кампувањето пред продавниците на Епл по претставување на новите уреди е слика која ја гледаме секоја година, но јапонските фанови на оваа компанија направија нешто што никој не го очекува, чекаа ред додека во градовите дивееше огромен тајфун.


Ветровите кои достигнуваа брзина до 160 километри на час и поплавените улици не ги спречија во нивната мисија.

Откако вработените забележале што се случува им понудиле на луѓето кои чекале да влезат во подавницата и да се исушат, а потоа им доделиле броеви за да не го изгубат местото на денот на отворањето.