Околу стотина кошаркари/ки од охридските приватни кошаракрски школи изминатата недела дена беа на кошарарски камп во Драч, Албанија. На кампот во Албанија кој помина беспрекорно тренизите се одвиваа под водство тренерот Артан Пиперку, додека негови асистенти беа Весна Балазоска, Владимир Ѓоровиќ , Гоце Тасески и Шпенди Буџаку.
–
Овој камп го искористивме и за одигрување на два пријателски натпревари против екипата на Тирана и екипата на Драч во машка и женска конкуреција, во кои забележавме две победи. Најинтересно како и на секој друг камп беше крајот, во кој сите кампери учесници имаа можност да се натпреваруваат во различни натпреварувања : во категорија слалом, слободни фрлања, удар за три поени, игра 3 на 3, и шлагот на секој камп ол-стар натпревар. Најкорисен играч на натпреварот беше Петар Бојоски, додека најдобар стелец на натпреварот беше Туран Шазиман – рече Весна Балазоска од КК Колибри.
Еднонеделното дружењет беше заокружено со свечена вечера на која на симболичен начин беа доделувани дипломи за учество и соодветни награди за најдобрите.
–
За мене како тренер и организатор на овој камп во секој поглед беше успешен, ги постигнавме сите зацртани цели кои ги поставиме пред нас и со моите колеги Тасески и Ѓоровиќ направивме нашите деца да се чуствуваат срекни и горди на себеси за постигантиот успех – завршува Балазоска.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com