Со дружење до доцна во ноќта, камперите од Авто кампот Љубаништа, го одбележаа крајот на уште една летна сезона.

Повеќе од една деценија камперите од Охрид и други градови од земјава, традиционално се собираат на крајот од летото на голема забава покрај оган со музика, скара, „бакљи“ и неодминливото ноќно капење.

Ова е прекрасен настан кој веќе премина во традиција, со кој завршува летното дружење на камперите кои се разделуваат со мисла дека следната година повторно ќе дојдат тука, да се дружат заедно и да уживаат во убавините на Охридското езеро и прекрасната Галичица, велат учесниците на настанот.

Настанот што години, го започна спонтано помала група кампери за да се одбележи крајот на деновите поминати во дружење и одмор покрај езерото, од година во година е се помасовен.

Г.М.