На тема промоција на туризмот и животната средина утре во Охрид ќе се реализира кампањата „Ние сме Европа“ чиј предводник е заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Секретаријатот за европски прашања и Владата на Република Северна Македонија ги афирмираат и промовираат европските вредности, во време на важни одлуки за продолжување на пристапниот процес во ЕУ, кои не’ засегаат сите нас, граѓаните и тоа во духот на демократијата, мултикултурализмот, владеењето на правото, почитувањето на фундаменталните и човековите права, итн., велат организаторите.

На отворената трибина свои обраќања ќе имаат вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ, Каја Шукова – министерка за животна средина и просторно планирање и Н.Е Грегор Прескер- амбасадорот на Република Словенија и Љупчо Јаневски- директорот на Aгенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Трибината ќе се одржи во Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид со почеток во 18:00 часот.

OhridNews