Унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни возила и подигнување на свеста за штетните и кобни последици од возењето под дејство на алкохол е целта на кампањата „Вози трезен-стигни жив“, која утре ќе ја реализира Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид.

-На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште, во 11 часот, предвидентите активност ќе се спроведат во соработка со општинската организација на Црвениот крст и со полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид. На ова место и на неколку други локации во градот, предвидени се сообраќајни пунктови составени од полициски службеници и волонтери на Црвениот крст каде што ќе се врши доброволно алкотестирање и делење на пригоден едукативен материјал, најави Стефан Димоски, претседател на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Кампањата „Вози трезен-стигни жив“ е спроведена од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Скопје, а се реализира низ целата држава.

OhridNews