Носители на активностите на оваа акција се Републичкиот и Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата кои имаат изготвено програма за успешно спроведување на акцијата. Во реализацијата учество ќе земат и полициски службеници од Полициските станици за безбедност на патниот сообраќај при МВР на РМ.
Заради популаризирање и омасовување на оваа акција, претставници на општинските совети за безбедност и претставници на сообраќајната полиција ќе остварат контакт со воспитно-образовните институции со цел превентивно делување и укажување на опасностите од неправилното движење на децата односно пешаците и опасностите од неправилно управување на велосипеди и моторцикли, соопшти МВР.