Во рамките на Кампањата “Надмудри го ракот- биди здрава жена”,  денеска во Охрид ќе се одржи  работилница на која ќе стане збор за Улогата на ПАП тестот во заштита од цервикалниот карцином; Рана дијагностика и терапија на ракот на дојка и ќе биде презентирана брошура за ПАП тест “Чекор понапред кон подобро здравје” и брошура за дојка.

Организатори на кампањата се Министерството за здравство во соработка со Македонското женско лоби и Комисијата за еднакви можности меѓу половите при Собранието на Р.Македонија.

Работилницата ќе се одржи денеска во 17 часот во големата сала на Општина Охрид.

ohridnews