Под мотото „Да прославиме без оружје„ Секторот за внатрешни работи Охрид, со низа активности, ја отпочнува проектната кампања „Веселбите и оружјето не одат заедно„.
Повод се свадбите и другите семејни свечености кои, вообичаено се многубројни во овој период од годината. Основната цел на проектот е да се апелира на воздржаност од било каква употреба на оружје за време на семејните свечености со цел елиминирање на несакани последици по животот на граѓаните бидејки, лицата кои користат оружје за време на семејните веселби, ги изложуваат на опасност своите најблиски и пријателите и ја загрозуваат нивната безбедност.
Согласно законските одредби, неовластената употреба на оружје и предизвикувањето општа опасност, претставува прекршок односно кривично дело за кои следуваат законски санкции.
СВР Охрид, во рамките на своите законски овластувања, ќе превзема интензивни активности и соодветни мерки против сите лица кои ќе употребат било каков вид на оружје.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com