Германскиот дизајнер Даниел Страуб дизајнирал камп приколка која плови на вода. Таа била доста просторна и со ширина од 160 и висина од 185 сантиметри, а нејзината цена изнесува околу 20 илјади евра.


Може да се користи за кампирање и пловење, а ќе биде опремена со кујнски прибор и кревети. Камп приколката има и електричен мотор со кој се одредува правецот на движење. Сепак, користењето на вода е ограничено само на плитки води, но дизајнерот рекол дека веќе работи и на возило кое ќе плови и во длабоките води.