– Ми преставува голема чест и задоволство да го пливам маратонот и не се оптеретувам за мојот конечен пласман. Среќен сум што пливам со маратонци кои доаѓаат од Охрид и Македонија и ќе продолжам да учествувам на овој маратон и во иднина – рече Камнаровски.
Победник на Илинденскиот пливачки маратон во категоријата каде што се натпреваруваше Камнаровски беше Михаил Трпчевски со време од (30:14:84).