На 28, 29 и 30 декември минатата година македонската пливачка надеж Димитар Камнорвски настапи на завршниот турнир за пливачи од Холандија, Белгија и Германија.

Тој на шест од деветте трки во кои настапи заврши на пиедесталот, а освои две златни и четири бронзени медали. Со најсветли одличја се закити на 100 метри и 50 метри грбно додека со бронзени 100 метри пеперутка, 50 метри пеперутка, 100 метри мешано и 50 метри краул.

Камнаровски нема време за одмор бидејќи на 11 и 12 јануари се финалните натпревари од Државното првенство, а на 30 јануари до 2 февруари тој ќе учествува на мошне квалитетен турнир во Амстердам.

 

Мх.П.